🎥 УКРАИНА РАКЕТИРАШЕ ДВЕ ГОЛЕМИ РАФИНЕРИИ ДЛАБОКО ВО РУСИЈА Зеленски објави дека погодиле и два брода во Црното Море

Украинските сили ја нападнаа рафинеријата во Башкортостан, на повеќе од 1.300 километри зад линијата на фронтот, како и рафинерија во регионот Јарослав, речиси 700 километри од украинската граница

403

Украина нападна уште неколку нафтени постројки длабоко во Русија, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денеска нашите санкции со долг дострел повторно работеа на ограничување на приходите на Русија од нафта, кои таа ги користи за финансирање на војната и за убивање Украинци. Одбранбените сили на Украина ги нападнаа објектите на агресорот на повеќе од 1.300 километри од линијата на фронтот. Рафинеријата Башнефт-Новоил беше погодена во Башкортостан. Во регионот Јарослав, на речиси 700 километри од нашата граница, беше погодена рафинеријата Славнефт-ЈАНОС. Нашите одговори на руската агресија во Црното Море беа исто така успешни. Особено, беа погодени два воени патролни брода и бродови на флотата во сенка. Им се заблагодарувам на сите војници на Одбранбените сили кои систематски ги прошируваат нашите долгорочни капацитети и со тоа ги зголемуваат шансите за дипломатија. Русија мора да избере мир“, објави Зеленски.






Украинскиот претседател не даде детали за погодените бродови или за обемот на штетата.

Со ваквите напади официјален Киев ја продолжува својата кампања за ослабување на воената економија на Русија и нанесување политичка штета на Кремљ.

Честите напади предизвикаа недостиг на гориво во Русија.

 

Поврзани содржини