ГЛАДИЈАТОР И ВОИН Расел Кроу тренира со познат борач со кој наскоро ќе го дели големото платно

Оскаровецот интензивно се подготвува за снимањето на новата верзија на „Хајлендер“, каде ќе глуми заедно со шкотскиот кечер Дру Мекинтајр. Новите фотографии од теретана потсетија на неговите славни денови од „Гладијатор“.

32

Новите фотографии на Расел Кроу од теретана привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. На нив 62-годишниот актер ја покажа својата физичка подготвеност и мускулест изглед, а многумина веднаш се потсетија на Максимус – римскиот генерал што Кроу го играше во култниот филм „Гладијатор“.

Фотографиите ги објави шкотскиот кечер Дру Мекинтајр, кој заедно со Кроу одработил интензивен тренинг. Двајцата позираа по вежбањето покажувајќи ги бицепсите пред камерата.






Мекинтајр покрај фотографиите кратко напиша: „Гладијатор x Воин“.

Расел Кроу и Дру Мекинтајр ќе се појават во новата верзија на филмот „Хајлендер“, франшиза што ја прославија Шон Конери и Кристофер Ламберт.

Иако денес изгледа поинаку отколку пред 26 години, кога го снимаше „Гладијатор“, фотографиите од теретана кај многумина разбудија носталгија за неговата најпозната филмска улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew McIntyre (@dmcintyrewwe)

Кроу во 2020 година откри дека за малку ќе ја одбиел улогата која подоцна му го донесе Оскарот. Во интервју за „Variety“ раскажа дека на почетокот не бил сигурен дали физички одговара за ликот на римскиот генерал.

Непосредно пред тоа го завршил снимањето на филмот „The Insider“ од 1999 година, за кој се здебелил околу 23 килограми и целосно ја избричил главата.

– Само што го завршив снимањето на ‘The Insider’. Бев огромен. Немав коса затоа што во филмот носев перика, па ја избричив главата за полесно да ја ставам. Воопшто не изгледав како римски генерал – изјавил актерот.

Додал дека ниту првата верзија на сценариото за „Гладијатор“ не го воодушевила. Сепак, се предомислил кога дознал дека филмот ќе го режира Ридли Скот.

– Ми рекоа: ‘Ќе го режира Ридли Скот’, и тоа беше доволно за да прифатам да разговарам со него – открил Кроу.

Филмот во 2001 година му го донесе Оскарот за најдобар главен актер и дефинитивно го вброи меѓу најголемите холивудски ѕвезди.

Расел Кроу беше во брак со австралиската актерка и пејачка Даниел Спенсер. Тие се венчаа во 2003 година и заедно имаат двајца синови.

Се разделија во 2012 година, а разводот официјално беше финализиран шест години подоцна. Спенсер претходно за магазинот „Stellar“ изјави дека, и покрај разводот, останале добри пријатели.

– Многу се почитуваме и сè уште го сметам за член на семејството. Бракот заврши, но тоа не значи дека заврши и нашето пријателство. Одевме заедно на одмори и можеме нормално да седнеме и да разговараме – рекла таа.

Поврзани содржини