РОКИ ЈА ИЗДАДЕ РИЈАНА Пејачката подготвува нов албум после цела деценија

Ријана, чие право име е Робин Фенти, последниот комплетен албум „Anti“ го објави во 2016 година.

149

Пејачката Ријана би можела наскоро да објави нови песни по речиси една деценија пауза од издавањето на последниот албум, изјави нејзиниот партнер и рапер Раким Мајерс, познат како Асап Роки.

– Таа во моментов е во студио – рече Роки за време на гостувањето во поткастот на Џејсон Ли, додавајќи дека пејачката подготвува нов проект, пренесе Би-би-си.






Тој не откри многу детали за албумот, но негираше дека двајцата ќе објават заеднички албум.

Ријана, чие право име е Робин Фенти, последниот комплетен албум „Anti“ го објави во 2016 година.

За време на разговорот, водителот на поткастот го праша Роки дали тој е причината поради која фановите сè уште го чекаат новиот албум, имајќи ги предвид нивните семејни обврски и трите деца. Роки го демантираше тоа и рече дека Ријана всушност работи на нова музика, со шега дека поради откривањето на таа информација би можел да има проблеми.

Ријана претходно зборуваше дека е оптимистична во врска со новиот албум. Во интервју за „Харперс Базар“ (Harper’s Bazaar) минатата година, таа изјави дека чувствува оти конечно го пронашла вистинскиот правец, но нагласи дека не сака да објави ништо што би било „просечно“.

Пејачката од Барбадос го поседува и брендот за шминка „Fenty Beauty“ и компанија за долна облека, а магазинот „Форбс“ го процени нејзиното богатство на повеќе од милијарда долари.

За време на интервјуто, Мајерс не сакаше да ги коментира наводите за тоа дали тој и Ријана се венчале.

Поврзани содржини