СООБРАЌАЈОТ КАЈ ПРУГАТА НА ПЕРО НАКОВ ЌЕ БИДЕ ВО ПРЕКИН Ќе се санира преминот преку пругите

286

Санација на патниот премин на улицата Перо Наков, во непосредна близина на Железничката станица Маџари, ќе се врши во четврток (06.08.2026 година), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улицата Перо Наков, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин.






Работите се реализираат во координација со СВР Скопје и ЈСП Скопје со цел нивно безбедно и ефикасно спроведување.

Град Скопје ги замолува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на полициските службеници, како и навремено да ги планираат своите патувања.

Поврзани содржини