ЕДНА НАМИРНИЦА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАМАЛИ РИЗИКОТ ОД СРЦЕВИ БОЛЕСТИ Секој ден по една порција, го намалува лошиот холестерол

Авокадото не е чудотворна храна, но може да биде моќен сојузник за здравјето на срцето

2

Авокадото со години се наоѓа на листата на најпосакувани намирници во здравата исхрана, а ново истражување покажува дека неговото редовно консумирање може да има уште една важна придобивка – да помогне во намалување на ризикот од срцеви заболувања кај луѓето со прекумерна телесна тежина.

Истражувањето, објавено во списанието „Journal of Clinical Lipidology“, опфатило 786 возрасни лица кои во период од шест месеци или продолжиле со својата вообичаена исхрана или секојдневно јаделе по еден авокадо, без други промени во животните навики.






Резултатите покажале дека луѓето кои секој ден консумирале авокадо имале пониско ниво на LDL честички во крвта. Станува збор за честички кои го пренесуваат холестеролот низ организмот и се сметаат за еден од важните показатели за ризик од развој на срцеви заболувања. Според проценките на истражувачите, оваа промена може да биде поврзана со околу четири проценти помал ризик од кардиоваскуларни болести.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини