ЛАЖЕА ЗА БАНКРОТ, ЗА ИПАРД, ЗА МИГРАНТИ, А СЕГА И ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Сè што говори талогот од СДСМ е спротивно од вистината

Хистеријата во СДСМ е на завидно ниво, талогот од СДСМ веќе не знае што повеќе да излаже, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, одговарајќи на новинарско прашање околу обвинувањата од СДСМ дека се создава терен за прифаќање на францускиот предлог.

141

Хистеријата во СДСМ е на завидно ниво, талогот од СДСМ веќе не знае што повеќе да излаже, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, одговарајќи на новинарско прашање околу обвинувањата од СДСМ дека се создава терен за прифаќање на францускиот предлог.

– Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година. Лажеа и за ИПАРД програмата, дека ќе биде блокирана, дека парите нема да бидат наменети за земјоделците, но еве и таа лага се распрсна како меур од сапуница. Лажеа за мигрантите. Велеа дека ќе дојдат во март, април, мај, јуни. Еве сега сме август. Нема ни трага ни глас од никакви мигранти по договорот со Обединетото Кралство – рече Манасиевски.






Лажеа и за извештајот на европратеникот Томас Вајц, додаде тој.

– Сега слушаме и дека ние ќе го прифатиме тој француски предлог. Ние во Собранието имаме двотретинско мнозинство. Доколку сакавме да го направиме тоа, ќе го направевме. Немаше да чекаме волку голем период. Да резимирам, сè што говори талогот од СДСМ е сосема спротивно од вистината – рече Манасиевски.

Манасиевски на прес-конференцијата рече дека СДСМ и венко Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата со водата во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата.

– Деновиве објавивме документи кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк. СДСМ и Венко Филипче должат одговор на три едноставни прашања. Зошто не ги известиле граѓаните за наодите? Колку од тие случаи биле целосно отстранети? И третото и најважно, со кое лице бараат одговорност за нешто што самите со години не го решавале? Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Наместо политички театар, СДСМ и Филипче, треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце – рече Манасиевски.

 

Поврзани содржини