Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе јужните делови на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил под морското дно, на длабочина од десет километри, во регионот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос.
Не е издадено предупредување за опасност од цунами.
Според изјави на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силно почувствуван и траел подолг период.