СУЗАНА МАНЧИЌ СТАНА БАБА Голема радост во домот на некогашната лото девојка

Помладата ќерка на Сузана Манчиќ била со сестра ѝ додека траело породувањето во една приватна клиника во Белград, додека таткото чекал во ходникот, а бабата не знаела што се случува и спиела дома

84

Познатата српска водителка и поранешна лото-девојка, Сузана Манчиќ, го дочека своето прво внуче. Нејзината постара ќерка Теодора Куниќ донесе на свет здраво машко дете.

Раѓањето било извршено по природен пат во една приватна клиника во Белград, а бебето тежело  3.650 грама.






Среќните родители за својот првороден син го избрале името – Мијат кое, како што пишуваат српските медиуми, е народна форма од името Михајло и потекнува од хебрејскиот јазик со значење: „Оној кој е еднаков на Бога“ или „Кој е како Бог“.

Посебно емотивен детаљ од оваа семејна приказна е улогата на помладата ќерка на Сузана, Наталија.

Имено, кога кај Теодора започнале првите контракции околу еден часот по полноќ, Наталија, не сакајќи да ја вознемирува мајка им пред сè да биде завршено, тивко излегла од куќата и заминала во болницата со својата сестра.
За време на целото породување таа ја држела Теодора за рака, ја бодрела и ѝ била најголема поддршка.

Веднаш по породувањето, Наталија на социјалните мрежи објави фотографија директно од болничкиот ходник и напиша дека станала тетка.

За тоа време, сопругот на Теодора, Мирослав Талијан, нестрпливо и со голема возбуда чекал пред породилната сала.

Утрото, нешто по шест часот, откако ги слушнал најпрекрасните вести дека сè поминало во најдобар ред, среќниот татко отворил шише старо виски кое со години го чувал за оваа прилика.

– Пресреќна сум што станав баба и што сè помина во најдобар ред! Бебето е добро, Теодора беше исклучително храбра и неизмерно сум горда на неа – изјавила и познатата водителка за српските медиуми.

Поврзани содржини