Во кругот на градинката „Кочо Рацин“ се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри, соопшти Општина Центар.
Станува збор за ѕид кој е стар 25 години, а сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.
Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец, велат од Општината.