НАД 6.000 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Исчезнати се речиси 30.000 луѓе

Досега се отстранети речиси 350.000 тони шут, што претставува околу 16,5 проценти од вкупно проценетите 2,1 милион тони.

137

Бројот загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на повеќе од 6.000.

Според најновите податоци на претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, досега се потврдени 6.125 жртви.






Се очекува бројот на загинати дополнително да расте. Според неофицијални проценки меѓу 17.000 и 29.500 лица сè уште се водат како исчезнати.

Расчистувањето на урнатините продолжува, додаде Родригез. Досега се отстранети речиси 350.000 тони шут, што претставува околу 16,5 проценти од вкупно проценетите 2,1 милион тони колку што се проценките на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, предизвикувајќи огромни материјални штети. Во државата е прогласена вонредна состојба.

 

Поврзани содржини