ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАДИ ВО МОСКОВСКАТА ОБЛАСТ Дронови погодија и магацин во Санкт Петерсбург
Гувернерот на областа соопшти дека петмина се загинати, а 6 лица се повредени по напад со украински дронови во Московската област.
Пет лица загинаа, а еден магацин се запали по напад со украински дронови во Московската област, соопшти гувернерот на областа Андреј Воробјов.
Повредени се шест лица, додаде Воробјов во објава на Телеграм.
Според него, при нападот се запалил магацин во индустриската зона Новоселок во Чеховскиот општински реон во Подмосковјето, а пожарот е изгаснат. Покрај тоа, биле оштетени и приватна куќа и еден автомобил.
Напад со беспилотно летало погоди магацин во близина на Санкт Петербург, објави денеска регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм.
Гувернерот не го именуваше сопственикот на магацинот, но локалните жители објавија видеа од нападот на социјалните мрежи и изјавија дека Украина го таргетирала магацинот на логистичкиот гигант „Вајлдбери“, таканаречениот руски Амазон.
Соседна Финска, членка на Европската Унија и НАТО, воспостави привремена зона за ограничување на воздушниот сообраќај во источниот дел од Финскиот Залив, објавија финските одбранбени сили на платформата Икс.