ГОРИ ДАБОВА ШУМА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД, А БОРОВА ВО СТРУГА Активни се пожарите во селата Буковиќ и Марино во Скопје

Изгаснат е пожарот кај фирмата „Енмон“ во Општина Велес, пожарот кај селото Добрејци во Општина Струмица каде што гореа ниска вегетација и стрниште, како и пожарот во близина на гробиштата во Општина Ѓорче Петров.

78

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив четири се сè уште активни, а три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, каде што гори дабова шума помеѓу селата Слатина и Грешница, како и во Општина Струга, каде што огнот зафатил борова шума меѓу селата Делогожда и Татеши.






Сува трева и ниска вегетација горат во Општина Сарај кај селото Буковиќ, како и во Општина Илинден, во близина на клучката кај Марино.

Противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат три пожари.

Изгаснат е пожарот кај фирмата „Енмон“ во Општина Велес, пожарот кај селото Добрејци во Општина Струмица каде што гореа ниска вегетација и стрниште, како и пожарот во близина на гробиштата во Општина Ѓорче Петров.

Според податоците на ЦУК, во моментов нема пожари кои се ставени под контрола.

Поврзани содржини