ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА И НА СРБИЈА Мицкоски во Охрид се сретна со српскиот премиер Мацут

Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и за заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

50

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид оствари тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.

„Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и за заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави“, напиша Мицкоски на Фејсбук.






На средбата, како што пишува Мицкоски, е потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.

На аеродромот во Охрид, српскиот премиер го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

„Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Поврзани содржини