ОСКВЕРНАВЕНИ ГРОБИШТА ВО СТРУШКО Искршени се мермерните плочи на 14 гробови
Вчера во 18 часот и 30 минути во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека во кругот на црквата „Света Богородица“ во селото Боровец се оштетени мермерните плочи на 14 гробови, соопшти полицијата.
Осквернавени се гробови во кругот на црквата „Света Богородица“ во струшкото село Боровец, полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според МВР, вчера во 18 часот и 30 минути во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Света Богородица“ во селото Боровец се оштетени мермерните плочи на 14 гробови.
Полицијата извршила увид и преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.