ОВА НЕМА ТАКА ДА ЗАВРШИ, ЛИЧНО ЌЕ ГО СЛЕДАМ ОВОЈ СЛУЧАЈ! Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски

мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес. ​И тоа нема така да заврши - рече Мицкоски.

508

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него „има груба манипулација од, како што истакна, еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е сочесник во овој процес“. Тој очекува истрага за овој случај затоа што, вели, од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имало поинаков извештај од тој што бил приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола.

– Јас вчера го следев случајот и малку се заинтересирав. ​И мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес. ​И тоа нема така да заврши – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Клиничката болница во Битола.






Тој вели оти не би сакал да шпекулира со имиња и презимиња затоа што допрва ќе има истрага за овој процес.

– Набргу ќе има истрага затоа што од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој кој е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. ​Така што, ова нема така да заврши. Ова лично јас ви го гарантирам и јас лично ќе го следам овој случај, рече Мицкоски.

Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, а еден ден потоа тој ја напуштил земјава преку граничниот премин Табановце. Марковски  е првообвинет во предметот за злоупотреби при јавна набавка во РЕК „Битола“, вредна околу 1,7 милион евра.  

Поврзани содржини