ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ЗАТРУЛО СО РАЗРЕДУВАЧ ЗА БОЈА Префрлено е на токсикологија во Скопје

Општата болница Куманово вчера пријавила во СВР Куманово дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување боја.

81

По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.






Лани имаше неколку случаи на затруени деца од кумановскиот регион. Дел од децата беа затруени откако испиле средства за чистење, за дезинфекција, а дел испиле таблети.

Поврзани содржини