НЕМА ФАЈДЕ ОД ЗАБРАНАТА Австралиските тинејџери уште ги користат социјалните мрежи

Истражувањето покажало дека поголемиот број на деца на возраст од 10 до 15 години во март исто толку често ги користеле социјалните мрежи како и пред 10 декември минатата година, кога забраната стапи во сила. Исто така е констатирано дека се намалила свеста на родителите за онлајн навики на децата

0

Резултатите од истражувањето на регулаторот „еБезбедност“ (eSafety) покажуваат дека повеќе од 80 проценти од австралиските тинејџери продолжиле да ги користат социјалните мрежи три месеци откако стапи во сила историската забрана за лица под 16 години, бидејќи технолошките компании не успеале да спроведат ефикасни проверки на возраста.

Истражувањето покажало дека поголемиот број на деца на возраст од 10 до 15 години во март исто толку често ги користеле социјалните мрежи како и пред 10 декември минатата година, кога забраната стапи во сила. Исто така е констатирано дека се намалила свеста на родителите за онлајн навики на децата.






Во студијата се наведува дека по забраната забележан е „статистички значаен пад“ на бројот на профили на „ЈуТјуб“, „Снепчет“ и „ТикТок“ односно намален е процентот на деца од 52 на 42.

Поголемиот дел од лицата под 16 години кои имале профили пред да стапи во сила забраната, можеле да ги задржат или да отворат нови по три месеци, а главната причина за ова е неуспехот на платформите да спроведат ефикасни мерки за проверка на возраста, истакнува „еБезбедност“.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини