📽️ „ВРАТЕТЕ Ѝ ГИ ФОЛКЛАНДСКИТЕ ОСТРОВИ НА АРГЕНТИНА“ Транспарент на теренот ги врати политичките тензии

Славјето по драматичната победа над Англија доби и политичка димензија. Дел од аргентинските репрезентативци развиорија порака за Фокландските Острови, прашање што со децении ги дели Буенос Аирес и Лондон.

223

Славјето по драматичната победа над Англија во полуфиналето на Мундијалот доби и политичка димензија. Дел од аргентинските репрезентативци развиорија порака за Фокландските Острови, прашање што со децении ги дели Буенос Аирес и Лондон.

Во центарот на вниманието се најде Џовани Ло Селсо. По натпреварот тој се појави со транспарент на кој пишуваше: „Малвините се Аргентина“. Името Малвини е друго име за истите острови.






Набргу му се придружија и неколку соиграчи. Меѓу нив беше и капитенот на Аргентина, Лионел Меси, додека дел од навивачите на трибините ја поздравија пораката со аплаузи.

По инцидентот, ффицијален Лондон побара истрага од ФИФА за транспарентот. Според правилата на ФИФА, политички пораки не се дозволени на теренот, што може да доведе до дисциплинска постапка против репрезентацијата на Аргентина.

Фокландските Острови, кои Аргентинците ги нарекуваат Малвини, се британска прекуморска територија. Буенос Аирес со децении го оспорува британскиот суверенитет над архипелагот.

Спорот кулминираше во 1982 година. Тогаш Велика Британија и Аргентина водеа војна што заврши со британска победа.

И повеќе од 4 децении подоцна, прашањето останува чувствително во двете земји. Затоа пораката на аргентинските фудбалери веднаш предизвика реакции.

Поврзани содржини