ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА ПОЧНУВА ПОВРЗУВАЊЕТО НА ТУНЕЛОТ ПОД „ЛИМАК“ Заедно со градскиот воз и мостот кај Ќерамидница Скопје ќе добие побрз сообраќај

Зборувајќи за тековните проекти, градоначалникот на Скопје потврди и дека наскоро ќе биде пуштен мостот Генерал Михајло Апостолски и дека се работи на адаптирање на линиите за проектот за Градски воз со што Скопје, како што вели, ќе добие поефикасен и побрз сообраќај. Тој вели дека се решени имотно-правните односи и за мостот на улица Љубљанска.

376

За десетина дена започнуваме со работа за поврзувањето на тунелот под ,,Лимак”, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Сител.

Зборувајќи за тековните проекти, Ѓорѓиевски потврди и дека наскоро ќе биде пуштен мостот Генерал Михајло Апостолски и дека се работи на адаптирање на линиите за проектот за Градски воз со што Скопје, како што вели, ќе добие поефикасен и побрз сообраќај:






– Во програмата внимателно ветував и кога стануваше збор за овој мост каде што знам дека има и судски процеси отпочнато, има неколку судски процеси коишто не зависат од нашиот ангажман како Град Скопје, кажав дека до крајот на мојот мандат ќе биде функционален мостот, но многу порано го постигнуваме тоа бидејќи ги решивме оние експропријации коишто се клучни за да можеме да овозможиме простор за движење на возила односно да го направиме функционален мостот – појасни Ѓорѓиевски и додаде:

– Не беше тоа единствениот проект којшто беше закочен изминативе 10-тина години, Момин поток со силен интензитет се реализира, таму се целосно решени имотно-правните односни, булеварот Борис Трајковски целосно се реализира, мостот на Љубљанска, решени се целосно имотно-правните односи, она што е најважно во наредните 10-тина дена започнуваме со втората фаза односно со тунелите за Лимак во делот од Центар кон Кисела Вода-спојувањето.

Ѓорѓиевски истакна дека освен тоа што се завршуваат горенаведените започнати проекти во минатото, се започнува и реализација на нови како сите оние паркови коишто се започнати, реконструкции на улици, клучки одредени и средување на делот накај Водно.

Меѓу другото, Ѓорѓиевски се осврна и на проектот Градски воз и посочи дека тој лично смета дека истиот ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град и дека се работи на адаптирање на линиите на истиот.

– Ќе има адаптирање на линиите, има тело коешто работи во соработка од страна на службите на Градот Скопје, ЈСП Скопје, Министерството за транспорт, поточно Железници транспорт, каде што ќе пробаме на одредени позиции да ги адаптираме линиите како собирни точки на местата каде што ќе бидат железничките станици каде што граѓаните ќе можат да го користат Градскиот воз. Според мене лично, мислам дека ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град – заврши Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини