ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ КРУПНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПРОСЕНИКОВО Николоски вели дека Стрмица има максимална поддршка од Владата

Тој заедно со градоначалникот Петар Јанков извршија увид во изградбаta на атмосферската канализација, инвестиција од 48 милиони денари.

178

Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1.700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струмица.

Тој заедно со градоначалникот Петар Јанков извршија увид во изградбаta на атмосферската канализација, инвестиција од 48 милиони денари.






– Кога бевме во кампања, заедно со сегашниот градоначалник, а тогаш кандидат, а ова беше големо ветување и драго ми е што еве веќе го реализираме. А се трудам секогаш да го одржиме зборот. Пристојните услови за живот се наш императив и затоа се обидуваме да инвестираме во вакви проекти. Рокот за завршување е до октомври месец 2027 година, но веќе зборувавме со изведувачот и со градоначалникот, доколку успеат да го завршат оваа година, Министерството за транспорт обезбеди средства да се заврши и оваа година, така што од наша страна финансиски стимул има. Сега е на општината и на изведувачот да овој проект се заврши, па веќе в година да влеземе во реализација на нови проекти – изјави Николоски.

Тој додаде дека преку буџет на Министерството се работи уште не два комунални проекти, изградба на фекална канализација во село Моноспитово во вредност од 22 милиони денари и изградба на фекален канализационен систем во Градошорци во Василево, во вредност од 22 милиони денари. Во делот на инвестициите во патната мрежа најави изгардба на експресен пат од Радовиш до граница со Бугарија.

– Веќе е објавен тендер за избор на изведувач за изработка на сите потребни студии: проектирање, претпроектирање, еколошки студии, социјални студии, физибилити студии за изградба на експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. Тоа ќе е нов тип на експресен пат, каде што ќе имаме две плус две ленти со простор помеѓу двете ленти. Значи, нешто слично на она што сега го нарекуваме автопатско решение Тетово-Гостивар или нешто слично на она што го имаме сега кај Дреново-Фариш, значи едно практично автопатско решение коишто ќе треба да ги поврзува Радовиш, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. На тоа би сакал да ја надополнам и улицата „23-ти Октомври” во Струмица, во должина од 1,4 километри, инвестираме некаде околу 31 милион денари или нешто над 650.000 евра. При крај е реализацијата, очекувам до крајот на јули месец целосно да биде завршена – истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков истакна дека со изградбата на атмосферската канализација во Просениково, трајно ќе се реши проблемот на жителите со поплавите како на домовите, така и на обработливите површини.

Поврзани содржини