ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на работата

Поради продирањето вода во дел од електричните инсталации, Владата препорача вработените во осумте државни институции привремено да работат од дома, додека траат санацијата и неопходните технички и безбедносни проверки.

0

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача Владата поради последиците од техничката хаварија во објектот.

На денешната седница Владата ја разгледала информацијата за состојбата во зградата, како и досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа.






Причина за препораката е продирањето на вода во дел од електричните инсталации, поради што, пред повторното враќање на објектот во редовна функција, потребно е да се спроведат сите неопходни технички и безбедносни проверки.

„Мерката се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, а приоритет остануваат здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непреченото продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите“, соопшти Владата.

Од Владата додаваат дека надлежните служби интензивно работат на санација на последиците од хаваријата и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот.

Препораката предвидува институциите сместени во зградата да го реорганизираат тековното работење, односно вработените привремено да ги извршуваат работните обврски без физичко присуство во објектот.

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН и ДИК, се без струја

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката пукнала на вториот кат, течело и низ инсталациите

Поврзани содржини