🎥 РОБОТИ ЗАИГРАА МОРАВАЦ НА СОБИРОТ НА СНС ВО БЕЛГРАД Вучиќ вели, подобри се од мене

151

Неколку хуманоидни роботи, придружувани од звуците на хармоника, го играа традиционалното српско оро „Моравац“ за време на денешниот голем собир на приврзаниците на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка.

Пред собирот Вучиќ претстави двајца од српските роботи, Драгутин и Милутин, во промотивно видео, велејќи дека „сигирно играат Моравац подобро од него“.






Поврзани содржини