БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ЕБОЛА СЕ ИСКАЧИ НА 1.155 Во епидемијата во ДР Конго досега 304 мртви

Засилениот епидемиолошки и биолошки надзор овозможил порано откривање на случаи, потврдувајќи го континуираниот раст на преносот во заедницата од недела во недела.

34

Бројот на заразени со ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 1.155, а 304 луѓе починаа, соопштија властите.

Бројот на болни и починати го претставува вкупниот број на потврдени случаи според извештајот за здравствената состојба во кој се документирани 37 нови случаи и пет нови смртни случаи во претходните 24 часа.






Здравствените власти во извештајот наведоа дека засилениот епидемиолошки и биолошки надзор овозможил порано откривање на случаи, потврдувајќи го континуираниот раст на преносот во заедницата од недела во недела.

Поврзани содржини