📽️ РЕТКА СНИМКА ОД БАЛКАНСКИ РИС Фотографи снимија еден од најретките предатори на Балканот
Фотографите Кујтим и Бетим Чодари успеале да снимат балкански рис во неговото природно живеалиште во околината на Кичево, редок момент кој го споделија на социјалните мрежи.
Фотографите Кујтим и Бетим Чодари забележале редок и исклучително значаен момент во природата во околината на Кичево, каде успеале да го фотографираат балканскиот рис меѓу карпите.
Фотографијата и видеото од реткиот вид тие ги објавиле на социјалните мрежи, предизвикувајќи голем интерес кај љубителите на природата и дивиот свет.
„Еден исклучително редок момент! Да се сними балкански рис во неговото природно живеалиште е привилегија што ја имаат многу малку луѓе. Скришен, внимателен и меѓу најретките животни на Балканот, тој ретко се појавува пред човечкото око“, напишале фотографите во објавата.
Тие додаваат дека ваквите моменти се доказ за, како што велат, „дивата убавина што сè уште живее на нашите планини“.
Балканскиот рис е подвид на евроазискиот рис од родот рисови. Најчесто се среќава во источните и северните делови на Албанија, западниот дел на Македонија, како и во мал број популации во Косово и Црна Гора.
View this post on Instagram