ДЕВЕТ ПОЖАРИ ВО ЕДЕН ДЕН Еден сè уште активен, седум изгаснати низ Македонија

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот низ државата се регистрирани девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден под контрола, а седум се изгаснати.

52

На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, додека седум се целосно изгаснати.

Активен пожар има во Штип, каде што гори депонија.






Под контрола се ставени пожари во општините Свети Николе и Лозово – во селата Делисинци и Сарамзалино, каде што горела ниска вегетација.

Во текот на денот се изгаснати седум пожари на различни локации низ државата. Во Општина Куманово, на улица Ѓуро Пуцар број 38, горела ниска вегетација, додека во Општина Чашка, во село Чашка, исто така горела ниска вегетација.

Пожар имало и во Општина Демир Хисар, во село Обедник, каде што горела ниска вегетација, како и во Општина Гази Баба, во село Јурумлери, каде што биле зафатени сува трева, грмушки и кабаст отпад.

Во Општина Липково биле изгаснати два пожара – во селата Липково и Матејче, каде што горела сува трева.

Последниот изгаснат пожар е регистриран во Куманово, во населбата „Перо Чичо“, каде што биле зафатени бандери и дрвја.

Поврзани содржини