🎥 РЕНЏЕРИ СПАСИЈА СРНЧЕ НА ПЕЛИСТЕР Било нападнато од куче

Подоцна со помош на имитирање звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка – се вели во објавата на ЈУ Национален парк Пелистер.

130

Вработените во јавното претпријатие Национален парк Пелистер спасиле младенче од срна, кое било нападнато од бездомно куче, и успеале потоа да го вратат кај неговата мајка.

„Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер Зоран Пројчевски – раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини, спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на имитирање звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка“ – се вели во објавата на ЈУ Национален парк Пелистер на нејзиниот профил на Фејсбук, заедно со видеоснимка од спасеното срнче.






Поврзани содржини