ЛЕКАР ОД ФРАНЦИЈА СЕ ЗАРАЗИЛ СО ЕБОЛА ВО КОНГО Потврден прв случај на болеста надвор од Африка

Според најновите официјални податоци, во Демократска Република Конго 1.048 лица се заразени со вирусот, од кои 267 починале.

36

Лекар од Франција, кој се вратил од Демократска Република Конго, е заразен со ебола додека престојувал во африканската држава, која моментално е погодена од голема епидемија на опасната зараза.

Франција е првата земја надвор од Африка што потврди случај на инфекција на нејзина територија. Претходните сомнителни случаи во Бразил и во Италија не беа потврдени.






Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“ за кој не постои вакцина или специфичен третман.

Француското Министерство за здравство денеска соопшти за „идентификација на првиот потврден случај на заболување од вирусот ебола во земјата“.

„Пациентот, кој се вратил од една од областите во Конго каде што циркулира вирусот, веднаш бил примен во специјализирана установа и е во стабилна состојба“, соопшти министерството.

Иако здравствените власти нагласија дека ризикот од пренесување се смета за низок, францускиот премиер Себастијан Лекорну изјави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“.

Во Демократска Република Конго има голема епидемија на ебола, која се манифестира како хеморагична треска која многу често е фатална.

Според најновите официјални податоци, 1.048 лица се заразени со вирусот, од кои 267 починале, што ја прави стапката на смртност околу 25 отсто. Некои експерти сметаат дека можно е обемот на епидемијата да е потценет, бидејќи ја има во оддалечени региони.

Поврзани содржини