ДО ВИКЕНДОТ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ НОВИТЕ ИМИЊА ВО ВЛАДАТА Разговорите за реконструкцијата течат конструктивно

Премиерот очекува до викендот да бидат официјализирани имињата и спецификите од планираната реконструкција на владата. Мицкоски вели дека разговорите течат конструктвно и дека се можни нови средби.

485

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат.

– Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња, и со останати специфики –  истакна Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).






Премиерот додаде дека во рамки на разговорите станало забор и за опција за промена на ресори.

Поврзани содржини