НАД 250.000 ПРОТЕСТАНТИ ПОБАРАА ОСТАВКА ОД РАМА Најмасовен протест во Тирана против пректот „Зврнец“

Во Зврнец и во Сазан зетот на американски претседател, Доналд Трамп, Џеред Кушнер, планира да гради одмаралишта, но граѓаните жестоко се противат.

380

Во Тирана синоќа се одржа 21. протест против проектот „Зврнец“, кој беше и најмасовен ваков собир досега – учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората, од западноевропските земји и од САД.

Според проценките на протестот учествувале околу 250.000 граѓани.






Тие ги повторија барањата за оставка на премиерот Еди Рама, за стопирање на проектот во Зврнец и во Сазан и за поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во заштитени подрачја, како и законот за прогласување стратешки инвеститори.

Во Зврнец и во Сазан зетот на американски претседател, Доналд Трамп, Џеред Кушнер, планира да гради одмаралишта.

Протестантите прво се собраа на плоштадот Скендербег, па маршираа кон зградата на владата, каде повеќе граѓани зборуваа пред насобраните.

– Дијаспората дојде затоа што е во сопствениот двор. Заедно ќе излеземе како победници од овој плоштад и ќе ја изградиме оваа земја – рече еден учесник на протестот.

Протестантите одржаа говори во траење од над 2 часа и маршираа околу владата и низ Тирана.

Мал број од нив ноќта ја минаа пред владата, порачувајќи им на премиерот Рама и на опозицискиот лидер Сали Бериша „да заминат од политичката сцена“.

Учесниците предупредија на радикализација на протестите.

Поврзани содржини