АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-БУКОЈЧАНИ СЕ ГРАДИ СО СИЛНО ТЕМПО Со неколку мостови ќе се заобиколи Стража

458

Автопатот Гостивар-Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.






Поврзани содржини