ФАТЕНО Е 19-ГОДИШНОТО МОМЧЕ КОЕ ПРЕГАЗИ 3-ГОДИШНО ДЕТЕ И ИЗБЕГА Со „форд“ удрил во детски велосипед

Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор.

5

Пронајден e 19-годишникот кој вчера прегази 3-годишно девојче во Визбегово и избега, соопшти полицијата.

Сообраќајната несреќа се случила на 19.06.2026 година околу 19 часот во селото Визбегово, Скопско. Патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.






Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини