🎥 МЕЛОНИ НА САМИТОТ НА Г7 ДОЈДЕ СО 10-ГОДИШНАТА ЌЕРКА Таа цело време се криеше зад грбот на мајка си

На видеоснимките се гледа како девојчето, кое се срами од камерите, се држи за раката на мајка си и постојано се обидува да се скрие зад нејзиниот грб за да го избегне вниманието на медиумите и рефлекторите додека Мелони се поздравува со делегацијата.

553

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во Евијан (близу Женевското Езеро) на Самитот Г7 придружувана од нејзината 10-годишна ќерка, Џиневра Џамбруно.

На видеоснимките се гледа како девојчето, кое се срами од камерите, се држи за раката на мајка си и постојано се обидува да се скрие зад нејзиниот грб за да го избегне вниманието на медиумите и рефлекторите додека Мелони се поздравува со делегацијата.






Овој момент брзо стана хит на социјалните мрежи. Многумина го опишаа како симпатичен и реален приказ на родителството, кој внесе човечка нота среде сериозната глобална дипломатија.

Поврзани содржини