„ЗЕЛЕНСКИ, ИЗВИНИ“ Лукашенко објасни зошто не сака војна со Украина

Белорускиот лидер вели дека не сака војна со Украина објаснувајќи дека Белорусија би била исклучително ранлива на украински напади.

127

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко неочекувано му упати извинување на украинскиот претседател Володимир Зеленски за дел од своите претходни изјави.

Во интервју објавено на руски јазик, Лукашенко призна дека можеби претерал со острите зборови кон украинскиот лидер.






– Ако Владимир Александрович беше навреден, му се извинувам за тие зборови. Можеби не требаше да ги кажам, со оглед на тоа што тој сè уште е во војна – изјави Лукашенко.

Тој додаде дека Зеленски добро знаел оти од Белорусија не треба да очекува воена закана.

– Тој совршено разбира дека од Белорусија, а особено од мене лично, не треба да се очекуваат воени дејствија.

 

„Белорусија е отворена книга“

Лукашенко објасни дека Минск нема интерес да отвора нов фронт кон Украина. Според него, Белорусија е многу поранлива отколку што многумина мислат.

– Белорусија е како отворена книга за украинските воени сили. Нашите главни индустриски и логистички објекти веднаш би станале цели – изјави тој.

Лукашенко тврди дека украинската страна веќе идентификувала стотици потенцијални цели на белоруска територија.

Страв од нов фронт долг 1.500 километри

Белорускиот лидер предупреди дека евентуален напад врз Украина од белоруска територија би создал дополнителен фронт долг околу 1.500 километри.

Според него, ниту Белорусија ниту Русија моментално не би можеле ефикасно да го обезбедат таквиот простор.

Изјавите доаѓаат во време кога украинските беспилотни летала сè почесто напаѓаат цели длабоко во руската територија, покажувајќи дека современата војна не признава безбедна позадина.

Поврзани содржини