КРВАВА СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАРСКО Син со нож го нападнал сопствениот татко по жестока расправија
По расправија во семејниот дом, 40-годишник го повредил својот татко, полицијата поднесе кривична пријава.
40-годишен маж од гостиварско село е кривично пријавен откако физички го нападнал својот татко и го повредил со нож, соопштија од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.
Инцидентот се случил по претходна семејна расправија во семејниот дом, по што ситуацијата ескалирала во насилство.
Од полицијата информираат дека против Ш.А. (40) е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.