РАБОТЕЛ СО КРАЛЕВИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ, ЗАГИНА МИСТЕРИОЗНО Крвава трага на статуа од Буда во станот на Роберто Герино

Истражителите се сомневаат на убиство, а крвави траги на статуа од Буда отворија нова насока во истрагата за смртта на италијански преведувач. Роберто Пјетро Герино бил соработник на британскиот крал, екс-американски претседател и на поранешен државен секретар на САД.

117

Италијански преведувач, кој во текот на кариерата работел за британскиот крал Чарлс III, за поранешниот американски претседател Бил Клинтон и за поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер, бил пронајден мртов во својот стан во Милано.

Според британскиот „Телеграф“, телото на Роберто Пјетро Герино(60) било откриено за време на викендот со тешки повреди на главата и на лицето. Италијанските истражители не ја исклучуваат можноста да станува збор за убиство.






Се проверува трага од апликација за запознавање

Една од насоките на истрагата е можноста Герино да бил нападнат од лице што претходно го запознал преку апликација за запознавање.

Полицијата ги анализира неговиот мобилен телефон, неодамнешните контакти и пораките, како и ДНК-трагите и отпечатоците пронајдени во станот.

Според досегашните информации, нема видливи знаци на поголема борба.

Крвави траги на статуа од Буда

Истражителите испитуваат и дали една од камените статуи на Буда што се наоѓале во станот била употребена при нападот.

Италијанските медиуми објавија дека најмалку една статуа била пронајдена на подот со траги од крв.

Работел за светски лидери

Герино бил познат преведувач и консултант кој соработувал со бројни меѓународни личности, меѓу кои кралот Чарлс III, Бил Клинтон и Хенри Кисинџер.

Роден бил во Џенова, а студирал во Рим и во Њујорк.

Полицијата засега не соопштува можен мотив за смртта, а истрагата продолжува.

Поврзани содржини