240 МУЗИЧАРИ ОД СКОПЈЕ, СОЛУН И ОД СОФИЈА ЌЕ НАСТАПАТ ЗАЕДНО Изведба на „Кармина Бурана“ во Градскиот парк во сабота
На концертот ќе настапат и меѓународно признатите солисти Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), заедно со Хорот на Државното музичко училиште од Солун и Детскиот хор „Пиколо“.
Заедничката изведба на делото „Кармина Бурана“ (Carmina Burana) од Карл Орф, ќе се одржи во сабота, 20 јуни 2026 година, во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје (наспроти Националната арена „Тодор Проески“).
Овој концерт на отворено ќе ги обедини Државниот симфониски оркестар на Солун, Филхармонијата на Република Северна Македонија и Софиската филхармонија.
Под диригентската палка на Најден Тодоров, речиси 240 музичари и уметници од Грција, Северна Македонија и од Бугарија ќе го изведат на сцена едно од најпрепознатливите дела на 20-тиот век.
На концертот ќе настапат и меѓународно признатите солисти Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), заедно со Хорот на Државното музичко училиште од Солун и Детскиот хор „Пиколо“.
Влезот е слободен.