ЗАМЕНА НА ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАРАКВИЦИ И ВО ВТОРНИК НА 8 СЕПТЕМВРИ! Вратите на стадионот за концертот на Дејвид Гета ќе се отворат во 17 часот
Организаторите апелираат до посетителите да дојдат порано и да не доаѓаат со своите возила, туку да користат пешачки пристап или јавен превоз. Се очекува огромна маса на луѓе, а улиците околу стадионот ќе бидат затворени.
Замената на влезници за нараквици за концертот на David Guetta на 8 септември на стадионот „Тодор Проески“, ќе биде возможна и во вторник (08.09.), од 10:00 до 17:00 часот, на локацијата Градски парк – Вембли во Скопје.
Во понеделник на 7 септември, замената ќе се врши од 12:00 – 23:00 часот.
Вратите на стадионот на 8 септември се отвораат во 17 часот.
– Ги повикуваме сите оние кои се во Скопје и имаат можност да дојдат денеска до 22 часот или во понеделник да ја извршат замената навреме, со цел да се избегнат очекуваните гужви при процесот на замена во вторник.