ДЕВОЈКА ПОЧИНА ПО УБОД ОД ОСА НА ОСТРОВОТ ЕВИЈА Обдукцијата треба да покаже која е причината
Младата жена била итно пренесена во здравствен центар на Евија, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот. Обдукцијата треба да утврди дали причината е силна алергиска реакција.
Само неколку моменти откако била касната од оса на островот Евија, 21-годишна девојка ја изгубила свеста, а подоцна починала. и покрај повеќечасовните обиди на лекарите да ја реанимираат.
Грчките власти ги утврдуваат точните околности под кои настапила смртта. Според грчките медиуми, девојката во бесознание била пренесена во Здравствениот центар во Псахна.
Медицинскиот тим веднаш започнал интензивни обиди за реанимација.
Членови на нејзиното семејство изјавиле дека непосредно пред да ја изгуби свеста таа била касната од оса.
Засега нема официјална потврда дека токму каснувањето било директната причина за смртта.
Една од можностите што се разгледуваат е силна алергиска реакција, но тоа ќе треба да го потврдат медицинските анализи.