ЏАВО ОТОМОТИВ ЌЕ ВЛОЖИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Во Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски брендови
Извозот на компанијата во полн капацитет ќе достигне 45 милиони евра годишно, а ќе се отворат до 412 нови работни места, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Денеска објавуваме нова странска инвестиција во ТИРЗ Тетово – компанијата Џаво Отмотив, глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
„Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови, а извозот на компанијата во полн капацитет ќе достигне 45 милиони евра годишно. Ова е уште една потврда дека довербата во македонската економија расте, дека инвеститорите ја препознаваат стабилноста и дека државата повторно станува атрактивна дестинација за нови вложувања. Ние не ветуваме фабрики – ние отвораме фабрики. Не ветуваме работни места – создаваме работни места. Не зборуваме за развој – го реализираме“, објави Мицкоски.
Нови инвестиции, нови работни места, нова вредност за македонската економија, Македонија забрзува, потенцира премиерот Мицкоски.