📽️ „МИШЕЛ ОБАМА Е МАЖ“ Борачот пред Белата куќа искажа навреди на роденденот на Трамп

Борачот Џош Хокит се најде на удар на критики откако по победата на борбениот спектакл пред Белата куќа изнесе навредлива и одамна дискредитирана теорија на заговор за поранешната прва дама на САД.

105

Само неколку секунди му беа доволни на УФЦ борецот Џош Хокит да ја засени својата најголема победа во кариерата и да предизвика лавина реакции низ САД.

По триумфот против Дерик Луис на настанот „UFC Freedom 250“, одржан на јужниот тревник на Белата куќа, Хокит го заврши интервјуто со контроверзна порака за Мишел Обама, по што веднаш се најде во центарот на вниманието.






– И конечно… Мишел Обама е маж! Дали сум во право, Америка? – изјави Хокит гледајќи директно во камерата за време на разговорот со Џо Роган.

Контроверзна порака наместо славје

Изјавата се однесува на стара теорија на заговор која со години циркулира на дел од американската политичка сцена и која е отфрлена како неоснована.

Хокит претходно му подари златен ланец на американскиот претседател Доналд Трамп кој беше во публиката. Трамп го стави околу вратот.

УФЦ борбите организирани во чест на роденденот на Трамп добија непосакуван епилог. Наместо за борбата, јавноста почна да зборува за неговиот настап по мечот.

 

Критики од спортот и политиката

Поранешниот НФЛ играч и спортски аналитичар Роберт Грифин Трети остро реагираше на изјавата на борецот.

„Џош Хокит ја добива најголемата борба во кариерата во Белата куќа и решава да го заврши интервјуто нарекувајќи ја Мишел Обама маж. Каква срамота“, напиша Грифин на социјалните мрежи.

Демократскиот национален комитет објави фотографија од Мишел Обама со порака дека таа „живее во нивните глави“.

Критики упати и Дејв Портној, основачот на „Барстул Спортс“ и поддржувач на Трамп.

„Тоа мора веднаш да се осуди“, порача Портној.

Белата куќа како арена

Настанот уште еднаш ги покажа блиските врски меѓу Доналд Трамп и организацијата УФЦ.

Претседателот на САД го опиша спектаклот како „неверојатен“, додавајќи дека Белата куќа никогаш не изгледала поубаво.

Поврзани содржини