ВРХОВНИОТ СУД ГОДИШНО ДОБИВА 43 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Вработени го тужат судот за вкупно 70.000 евра
Изразивме мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на Врховниот суд.
Нема поголеми забелешки за состојбата во Врховниот суд, а мислењето за финансиските извештаи е позитивно во извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на највисоката судска инстанца во 2024 година.
„Изразивме мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, се вели во извештајот.
Ревозорите ја споредиле состојбата со претходната ревизија извршена во 2019 година и издаден е извештај за финансиските извештаи, во која, исто така, немало забелешки за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, но имало мислење со резерва за усогласеноста со законите и со прописите. Тогаш се дадени препораки за надминување на состојбата, па ревизорите во извештајот посочуваат дека од вкупно дадени 7 препораки, 4 препораки се спроведени, една е делумно спроведена, а 2 препораки не се спроведени.
Во извештајот се нагласуваат одредени прашања за состојбите во судот, меѓу кои и дека во моментот се водат постапки пред надлежните судови против Врховсниот суд.
„Во тек се 28 судски постапки. Судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос во вкупен износ од 4.280.000 денари (70.000 евра). Бидејќи станува збор за судски постапки што се водат пред надлежните судови до денот на ревизијата конечниот исход од истите не е познат при што постои
неизвесност за финансиските импликации на Буџетот на Врховен суд во иднина“, се вели во ревизорскиот извештај.
Се посочува и дека Министерството за правда во ноември 2020 година донело обрасци за
оценување на судските службеници, но тие не се однесуваат и на судската полиција и на судскиот администратор.
Исто така, од септември 2023 година во судот нема судски администратор.
Последната забелешка се однесува на парите што се издвојуваат од државниот буџет за работата на Врховсниот суд, а кои не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0,8% од
бруто домашниот производ на Македонија. Одобрените средства во износ од 2,6 милијарди денари (43 милиони евра) претставуваат 0,3% од БДП.
Ревизорите истакнуваат и дека нема одредби за утврдување на платите на вработените во
судовите кои вршат технички и помошни работи.
„Со извршената анализа на бројот на решени предмети ревизијата утврди позитивен тренд на зголемување на бројот на решени предмети во последните години односно во континуитет се намалува бројот на нерешени предмети на крај на годината“, се вели во извештајот.
Ревизорите посоуваат и дека е неопходно да се пополнат испразнетите судиски места.
„Согласно одлуката на Судскиот совет во Врховниот суд се предвидени 28 места, вклучувајќи го и
претседателот на судот, а пополнети на крајот на 2024 година се 11 судиски места. Во мај 2025 година бројот на судии е зголемен на 14, вклучувајќи го и претседателот на судот“, поспчува ДЗР.