📽️ „ТИЕРИ, ЈА ЗНАЕШ ЛИ ОВАА ОД ЛЕПА БРЕНА?“ Златан го „запали“ студиото со познатиот балкански хит, гостите шокирани

Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, сега ТВ коментатор на „Фокс ТВ“, стана вирален по снимка на која пее песна на Лепа Брена и танцува во студио за време на Светското првенство.

221

Поранешниот шведски напаѓач, познат по својот харизматичен настап и остар хумор, се појави во нова улога во телевизискиот пренос на Мундијалот, каде покрај стручни анализи, не недостасуваа и забавни моменти кои веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.

Во една од ситуациите што предизвикаа најголемо внимание, Ибрахимовиќ беше снимен како ја пее познатата песна на Лепа Брена – „Луда за тобом“. На видеото што се шири на интернет, тој ја пушта песната на својот телефон, ја пее и танцува во студиото, предизвикувајќи смеа кај присутните.






Ибрахимовиќ се обиде дај пренесе енергијата на Тиери Анри, кој е оженет со босанскиот модел Андреа Рајачиќ со која има три деца и од која сигурно веќе слушнал за Лепа Брена.

– Тиери, ја знаеш ли оваа од Лепа Брена? – го праша Ибрахимовиќ.

 

Меѓу нив бил и поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас, кој видно изненаден прашал за што станува збор, додека Ибрахимовиќ продолжил со својот карактеристичен перформанс.

Швеѓанецот со босанско-хрватски корени одамна е познат по тоа што често го промовира балканскиот музички и културен простор во јавноста. И претходно името на Златан беше поврзувано со популарната пејачка Нада Топчагиќ, чиј хит „Јутро је“ по негова заслуга се слушаше и на престижниот фестивал во Сан Ремо, што тогаш привлече големо внимание во светските медиуми.

 

Поврзани содржини