НОВ УДАР ЗА МОСКВА ОД БРИСЕЛ Под удар руската „флота во сенка“, но и лица поврзани со случајот Навални

Советот на ЕУ одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон воено-индустрискиот сектор, извозот на нафта, пропагандните мрежи и лица поврзани со случајот на Алексеј Навални.

107

Советот на Европска Унија денеска одобри проширување на санкциите кон Русија поради војната во Украина.

Европска комисија минатата недела го презентираше предлогот за нови санкции кон Русија.






„Со новите санкции дополнително ќе се ограничи воено-индустрискиот комплекс на Русија и приходите од енергенсите, хибридните закани и ширењето на руската државна пропаганда што ја оправдува војната“, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Се воведуваат рестриктивни мерки против седум лица и 21 организација што го поддржуваат руското воено производство.

Со новите санкции се опфатени и две лица и 24 субјекти вклучени во транспортот и извозот на сурова нафта од Русија, вклучително и преку руската „флота во сенка“.

ЕУ санкционира и 10 поединци и еден субјект поради ширење непријателски и манипулативни изјави против Украина. Меѓу нив се Анатолиј Кузичев, Кирил Федоров, Роман Антоновски, Марија Волконскаја, Александра Јост и епископот на Руската православна црква Георги Шевкунов.

Санкции се воведени и против една организација и 15 лица, меѓу кои имаа и судии и обвинители, како и службеници за спроведување на законот, Федералната служба за безбедност и лекари, за нивна вмешаност во прогонот, труењето и смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

ЕУ, исто така, воведува санкции и поради незаконското заземање на Крим и Севастопол од страна на Русија.

Поврзани содржини