ПОДНАПИЕН ВОЗЕЛ МОПЕД Изречени 219 казни за еден ден во Скопје

21

Одземен му е мопедот на скопјанец кој имал присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили, соопшти полицијата. Тој ќе одговара за кривично дело безобѕирно управување на мопед.

На 14.06.2026 од 16 до 24 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спровела зајакната акциска контрола во сообраќајот.






Притоа биле изречени вкупно 219 мерки од кои 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго.

Поврзани содржини