НИТУ БУГАРИЈА НЕ БАРА ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НУДИ ФИЛИПЧЕ Партијата му тоне поради слугувањето на Софија

Венко Филипче и раководството на СДСМ не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ.

346

СДСМ тоне поради слугувањето на Софија, а Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и на внесувањето на Бугарите во Уставот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и СДСМ се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДСМ е слугувањето на официјална Софија и застапувањето туѓи политички агенди. Единствена политика што ја водат СДСМ и Филипче и на која жестоко инсистираат е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирањето уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор, а на штета на македонските национални интереси, се додава во соопштението.

„Филипче и раководството на СДСМ не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија. Поданичкиот и капитулантски однос на СДСМ и на Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДСМ“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, додава партијата, нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси, а единствено нешто што му е важно на Филипче е како да дојдат на власт по која било цена, па макар и на штета на националните интереси.

„СДСМ и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и инационални интереси. Сè додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да го испраќаат СДСМ во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини