СОНЦЕ И 34 СТЕПЕНИ ПРЕД НОВА ПРОМЕНА Средината на седмицата носи нестабилно време

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

85

Времето в понеделник, 15 јуни, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 34 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

 






Поврзани содржини