НЕ СМЕЕМЕ ДА СИ ДОЗВОЛИМЕ УШТЕ ЕДНО РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД ЕУ Милошоски вели дека идните чекори во надворешната политика не смеат да бидат брзоплети

Милошоски потсети дека по Преспанскиот договор, и покрај верувањата, наместо отворање на преговорите добивме вето.

215

Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ – истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на вчерашното гостување во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.

– Токму последиците од Преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДСМ, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ – наместо отворање на преговори добивме вето – рече Милошоски.






Пратеникот Милошоски дискутираше за евроинтегративниот процес на државата и посочи дека идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции, со цел реален напредок кон ЕУ.

– Поучени од ова разочарување и од ова брзоплето прифаќање на такви обврски и потоа нестигнување до целта и до доаѓање до едно разочарување во целото општество, сметаме дека не треба да се продолжи на истиот брзоплет начин по однос на преземените обврски од страна на Ковачевски и Бујар Османи кон соседна Бугарија – рече Милошоски.

 

Поврзани содржини