СЕСТРИНСКОТО ПАТУВАЊЕ ВО МОНАКО Ким и Клои Кардашијан ги покажаа своите облини на мегалуксузната јахта

Ким Кардашијан сподели на Инстаграм фотографии од нејзиното сестринско патување во Монако, на кое ѝ правеше друштво нејзината помлада сестра Клое Кардашијан.

7
Ким Кардашијан сподели на Инстаграм фотографии од нејзиното патување во Монако со својата помлада сестра Клои, а во описот на објавата напиша: „Сестринско патување“.
45-годишната риалити ѕвезда позираше на јахтата во тесен, светкав фустан со длабоко деколте кое ги покажуваше нејзините облини, додека 41-годишната Клое се одлучи за краток розев фустан.
Сестрите пристигнаа во Монако за да го поддржат момчето на Ким, Луис Хамилтон, на Гран При Монако 2026 година, каде што возачот на Ферари заврши втор. Хамилтон претходно ретко зборуваше за нивната врска, а по трката изјави:
– Прекрасно е што дојде овој викенд и ме поддржа. И моите пријатели воопшто. Одѕивот беше неверојатен. Не знам што друго да кажам. Одлично е да имаш добри луѓе околу тебе кои те поддржуваат. И таа го прави тоа за мене секој ден.
Ким и Хамилтон наводно се заедно од ноември 2025 година, иако се познаваат повеќе од една деценија.





 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ким претходно беше во брак со Канје Вест, со кого има четири деца. Порано оваа година, таа се осврна на критиките што често ги добива за воспитувањето на нејзината најстара ќерка, Норт.
– Не сум личност што осудува, па се обидувам да не обрнувам премногу внимание на тие коментари. Не мислам дека некој може да знае низ што минувам и како се справуваме со одредени работи во надворешниот свет, освен ако не се во моја кожа.
Таа ги негираше тврдењата дека ѝ дозволува на својата ќерка да прави сè.
– Не, Норти всушност има многу правила. Единствената област каде што ѝ давам слобода е да се изразува на свој начин.

 

Поврзани содржини