ГИ ОСТАВАЛА ДЕЦАТА ДА СПИЈАТ ВО КОЛА ДОДЕКА ОДЕЛА НА РАБОТА Полицијата ги нашла децата на земјен паркинг

589

Маж ја пријавил неговата сопруга дека ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. При проверка, полицијата ги нашла децата во кола и ги предала на таткото.

На ова му претходел службен разговор со таткото В.С.(40) од струшко село, кој бил пријавен во полиција дека физички го нападнал неговиот малолетен син. Службениот разговор бил извршен на 08.06.2026 во ОВР Струга.






На 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата Владо Малески ги затекнале децата како спијат.

Децата биле предадени на таткото В.С..

Поврзани содржини