МАЈКА ГО ТЕПАЛА 3-ГОДИШНОТО ДЕТЕ, ПА ГО ОСТАВИЛА НА УЛИЦА Случајни минувачи пријавиле во полиција

0

Жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години, вчера околу 14:15 часот на улицата Маршал Тито во Тетово.

Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете.






Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање и утврдување на идентитетот на сторителката и расчистување на случајот, додека детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово, соопшти СВР Тетово.

Поврзани содржини